Во тек на вчерашниот ден во парк Жена борец во Скопје, по отворениот повик од страна на родители на деца со попреченост, дојдоа претставници на политичките партии од земјава, со цел да го потпишат документот со кој ќе се заложат за исполнување на нивните барања, објави Фокус.мк.
Станува збор за кампања иницирана од Маргарита Маги Милошеска, мајка на девојче со попреченост, насловена „Да создадеме свет без граници”. Милошеска мината седмица јавно преку „Фокус”, но и со писмени покани, ги повика лидерите на сите политички партии да дојдат на средбата во паркот, каде со потпис ќе им ја дадат поддршката.
На средбата свој потпис како поддршка и еден вид на збор дека ќе се заложат за исполнување на нашите барања за време на својот мандат, ни дадоа СДСМ, Левица, Македонски концепт, Алијанса за Албанците… Од Интегра претставник го зеде документот првин да го разгледа, па ќе не извести дали ќе биде потпишан. За жал, никој од ДУИ не појави на настанот. Од ВМРО ДПМНЕ пак, дојде нивни претставник, но не го потпиша документот со нашите барања, изјави Милошеска, која исто така е координатор во Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби.
фото: Фокус.мк