Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени, јави УХМР.