Македонија

Ковид-19 ја затвори фабриката „Мода“ во Свети Николе

Бројот на заболени со коронавирус во Свети Николе се зголемува, а од општинскиот кризен штаб вчера соопштија дека во градот има вкупно 50 заболени, додека 75 лица се наоѓаат во самоизолација бидејќи имале контакт со заболени лица.

Градоначалникот а Свети Николе, Сашо Велковски истакна дека двете фабрики на конфекцијата „Мода“ во Свети Николе ги затворија погоните по појавата на случаи на коронавирус.

„Врз основа на новодобиените информации за бројот на заболени од Ковид-19 и препораките од Министерството за здравство и Кризниот штаб на општина Свети Николе, менаџментот на фабриката Мода АД и Камотекс ДООЕЛ одлучи, од денес 10.07.2020 (петок) да се затворат погоните на фабриките со цел намалување на ризиците од ширење на коронавирусот во истите во наредните денови“, објави Велковски.

Тој додава дека добил информација дека сите 830 вработени ќе бидат подложени на скрининг тест со цел утврдување на точната бројка на број на заболени лица.

Велковски апелира до сите граѓани да се придржуваат до мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата за соодветна заштита од коронавирусот.

На почеток