Магазин

Се самоуби единствениот внук на Елвис Присли

Единствениот внук на американската музичка легенда Елвис Присли починал вчера, потврди менаџерот на неговата мајка Лиза Мари Присли, а локалните медиуми објавија дека станува збор за самоубиство.

Бенџамин Кио (27) е пронајден во Калабасас во близина на Лос Анџелес со прострелна рана којашто самиот си ја нанел, изјавиле полициски извори за ТМЗ.

Менаџерот Роџер Видиновски не открива какви било детали и вели дека Лиза Мари Присли, единственото дете на Елвис од бракот со актерката Присила Присли, е „со скршено срце, неутешна и повеќе од уништена“.

TMZ пренесува дека Кио бил музичар и дека се занимавал со глума. Легендата на рокенролот Елвис Присли почина во 1977 година на 42-годишна возраст.

На почеток