Македонија

Ангела Ѓорѓиевска обвинетата на 19 години затвор за убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска која беше обвинета за убиството на 26 годишниот Пинета Секондо – Пино, судот ја прогласи за виновна и ја осуди на затворска казна од 19 години.

Според пресудата, таа помогнала во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан кој е во бегство.

26-годишниот скопјанец Пино Секондо, кој се водеше како исчезнат од 11 декември, бил убиен и неговото тело било оставено во дупка и покриено со кебе во скопското село Љуботен.

Фуркан кој е во бегстрво со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен.

 

На почеток