Експретседателот на Кривичен суд Владимир Панчевски, сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера, Основниот суд во Велес распиша потерница по него, дознава „А1он“. Панчевски пет дена не беше достапен за органите на прогонот, полицијата не го најде во неговиот дом, по што следуваше национална потерница објавена на сајтот на Министерството за внатрешни работи.
Нему му е одреден 30-дневен притвор откако откако девет месеци не се појавил на судењето за случајот АКМИС и местењето предмети кај подобни судии во време кога бил претседател на Кривичниот суд.