Државниот советник на Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев – Зоран Ѓорѓевски -Чикаш го нападна Началникот на единицата за безбедност на сообраќај во Тетово, сведочат лица кои се нашле на лице место.
Од видеото може да се види агресивното однесување на советникот на министерот Чулев. Инцидентот да прерасне од поголеми размери го спречиле неколкуте униформирани лица, кои биле на местото на настанот.