Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне главно во планинските подрачја ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
В сабота ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и појава на град.
