Државната изборна комисија (ДИК) отфрли 1.478 приговори од вкупно 1.982 поднесени од политичката партија Левица, бидејќи немале потпис од овластено лице.
ДИК попладнево на седница одлучува по 2.142 приговори поднесени за постапката за гласање и за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на изборите.
Алијансата за Албанците и Алтернатива до ДИК поднесоа 151 приговор, а ВМРО-ДПМНЕ достави два.
Борис Кондарко на денешната седница на ДИК истакна дека од содржината на поднесените приговори рече дека ДИК согласно закон ги објавува резултатите од гласањето, дадената волја на граѓаните, утврдена, избројана и евидентирана на избирачките места. Сите записници на избирачките одбори биле чисти и ги гледале дека се потпишани од целокупниот состав на одборот.
„Имавме регуларни избори. Целата јавност можеше да види каков беше одзивот. ДИК не е шалтер изгубено-најдено, па некоја партија ако ги фалат гласовите да ги бараат во ДИК. ДИК ги утврдува гласовите на граѓаните. ДИК ја почитува волјата на граѓаните. Партиите да не ја мешаат политиката во ДИК, а гласовите да си ги бараат кај граѓаните. Никој не мое да манипулира за надвдони неправилности во работата на ДИК. Ова што се наведува во приговоирите е класично меање на политиката во ДИК, ова е клеветење на изборниот процес Приговорните се целосно паушални и неосновани. Ова важи и за претходно и отфрлените приговори на Левица и за сите наредни приговори кои ќе ги разгледуваме,. Сите имаат исти наводи и основи. ДИК не работи врз основа на фејсбук, туку врз основа на закон.“ – рече Кондарко.
Подносителите имаат право одлуките на ДИК, да ги обжалат до Управниот суд.
