Македонија

Алмакос: ДУИ го моли СДСМ да ја формираат новата Влада

Порталот Алмакос објави дека ДУИ го моли СДСМ да ја формираат новата Влада заедно. Во текстот објавен од Алмакос, се наведуваат детали од наводните комуникации со извори од двете партии, пренесува Цивил Mедиа.

„Изборите што се одржаа на 15 јули, завршија, и сега веќе започнаа преговорите за формирање на новата Влада. ДУИ во јавноста излез е со барање, или условување за прв премиер Албанец. Но, за тоа која е вистината и што е реално, сведочат две страни. Извори од СДСМ, но и од ДУИ.

Извори од ДУИ за Алмакос велат дека нивното барање за прв премиер Албанец е само политички маркетинг за да се зачуваат и тие малку гласови што им преостанале на ДУИ.

„Идејата за прв премиер Албанец беше само за да не се изгубат изборите на 15 јули. Ние ја баравме и ја пронајдовме формулата како да ги зачуваме и материјализираме нашите гласови  преку ова барање. Ова апсолутно не е црвената линија за ДУИ“, велат за Алмакос  извори од ДУИ.

Според овој извор, за ДУИ е важно да биде дел од  Владата и без премиер Албанец, доколку не се чепнат неколку од управите коишто би влијаеле на поделби во партијата.

Од друга страна, порталот Алмакос , за да ги потврди овие информации, се обрати и до СДСМ.

Извори од СДСМ за Алмакос велат дека ДУИ веќе ги започнала контактите за формирање на Владата и дека ги објавиле  барањата во врска со формирање на новата Влада:

  1. Министерството за финансии
  2. Гувернер на Народна Банка
  3. Генералштабот

 

На почеток