Македонија

Таравари: Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе протестираат против кражбата на гласови

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбер Таравари, вечерва во гостување на ТВ 24 Вести најави дека заедно со Алтернатива идниот понеделник ќе одржат протестен марш со пораката „Доста е“, со цел да го изразат нивниот револт против злоупотреба на гласовите и полнењето на кутиите од страна на ДУИ на изборите.

Протестот ќе почне од Чаир, а предвидено е да заврши пред канцеларијата на ЕУ во Скопје и пред Државната изборна комисија (ДИК).

Според Таравари, извршена е кражба на гласови во албанскиот блок, поради што поднеле жалби до Управен суд за изборни прекршувања во Петтата и Шестата изборна единица. Но, тој смета дека тие нема да бидат прифатени бидејќи во судот има судии кои се блиски до ДУИ.

Во врска со прашањето за формирање Влада, Таравари рече дека за нив се отворени сите опции, но главен услов е ДУИ да не биде дел од парламентарното мнозинство.

На почеток