Македонија

Артан Груби ја спушта топката: Време е за умереност, да продолжиме по нашиот евроатлански пат

Време е за умереност, смиреност и да ги засукаме ракавите со цел силно да продолжиме на нашиот евроатлантски пат, напиша денеска на својот фејсбук профил пратеникот на ДУИ Артан Груби, после неколкудневно префрлување во јавноста – за тоа кој со кого ќе формира нова Влада по изборите на 15 јули.

„Толку потребните реформи кон вистинско владеење на правото и бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот, но и економското закрепнување за да се поправат последиците од ковид-19 со воспоставување на одговорни институции“ напиша Груби на својот профил на Фејсбук.

На почеток