Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Али Ахмети: Поканет сум за сведок во Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ahmeti

Али Ахмети е повикан за сведок од страна на Специјалното обвинителство за Косово со седиште во Хаг, како што потврди лидерот на ДУИ на својот фејсбук-профил. Тој во објавата наведува дека без двоумење ја прифатил поканата и воспоставил конструктивен и коорперативен контакт со службените лица во Хаг.

— реклама —

– Владеењето на правото и постигнувањето на вистинска неселективна правда, локална и меѓународна, се моја постојана цел и обврска во текот на целата моја активност Затоа, би сакал да ве известам дека Специјализираните комори на Република Косово, односно Специјалното обвинителство за Косово, ме покани како сведок и без двоумење ја прифатив поканата и воспоставив конструктивен и кооперативен контакт со службените лица во Хаг. Отсекогаш сум бил поддржувач на неселективната правда и стојам на располагање на правосудството за да ја докажам искреноста на ослободителната војна на албанскиот народ пред геноцидот на српскиот режим на Милошевиќ – напиша Ахмети, без да понуди повеќе детали за конкретната истрага на Специјалното обвинителство во која ќе биде сведок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања