Македонија

Георгиески во чест на 40 годишнината од искачувањето на првата охридска планинарска експедиција на Мон Блан, објави свое фото од највисокиот врв на Алпите

Поминаа 40 години од денот кога за прв пат охридска планинарска експедиција го освои врвот Мон Блан на Алпите, највисокиот врв во Западна Европа од 4.810 метри. За подвигот на Владo Бојаџи, Љупчо поп Стефанија, Владимир Тунтев, Михаил Битрак, Тони Бојаџи, Климе Волкан, Миле Бафчанџиев, Људмил Цветаноски и Киро Филев, на иницијатива на Кирил Димоф- Гафиљ, беше изработена и специјална документарна Тв емисија „Од Белото езеро до Белата планина – 40 години подоцна“, во која се споделени спомените и бројни ретки материјали од овој настан.

На овој љубилеј се потсети и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.  Тој на својот ФБ профил напиша:

Чувството дека се искачувате на високите врвови за да можете да го видите светот, а не светот да ве види вас е највозвишено. Освојувајќи го „Мон Блан“ пред точно четири години успеав да го претворам во реалност мојот голем сон и да реализирам еден важен животен предизвик. Овој успех го гледам како една голема победа над себеси и секогаш ќе го гледам како огромен мотив и поттик за уште многу животни победи, напиша градоначалникот на ФБ.

 

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.326540667951543/641566596448947/?type=3&theater

На почеток