Скопје

Пендаровски: Секој 26 јули се сеќаваме на кобното утро во 1963, на силниот земјотрес

Солидарноста и заедништвото ни се потребни за да ја надминеме секоја тешкотија со која како општество ќе се соочиме, напиша утрово на својот фејсбук-профил претседателот на државата, Стево Пендаровски, потсетувајќи се на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.

„Секој 26 јули се сеќаваме на кобното утро во 1963 кога силниот земјотрес ги однесе животите на над илјада наши сограѓани, илјадници беа повредени, а многумина ги изгубија своите домови“, напиша Пендаровски.

https://www.facebook.com/SPendarovski/posts/3695205090492929

Се сеќаваме, додава претседателот, и на солидарноста и помошта која пристигна од целиот свет.

„Во тешките денови кога се справуваме со пандемијата на Ковид-19 да се потсетиме дека солидарноста и заедништвото ни се потребни за да ја надминеме секоја тешкотија со која како општество ќе се соочиме“, напиша претседателот во својата објава.

На почеток