Поради присуство на бактерија ешерихија коли водата, јавната чешма во село Кучково е небезбедна за пиење, информираат од Центарот за јавно здравје.
Од страна на Центарот за јавно здравје на 15 ноември е извршена проверка на квалитетот на водата од јавната чешма и е констатирано дека водата за пиење од овој извор не е безбедна поради присуство на бактерија ешерихија коли.
Се додека надлежните не известат дека водата е безбедна за пиење, ќе важи забраната за нејзината употреба.
Водата од јавната чешма во село Кучково ја користат и жителите на Волково, Кисела Јабука и Новоселски пат.