Македонија

(ВИДЕО) Коњицата тргна кон Мечкин Камен, ја предводи пратеничката Рашела Мизрахи

Пратеничка од ВМРО ДПМНЕ и поранешна техничка министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи заедно со коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ тргна кон Крушево, по повод празникот Илинден.

Мизрахи објави фотографии на својот профил на Фејсбук посочувајќи дека и било чест што ја предводи коњаницата.

„Во чест на Илинден заедно со коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ тргнавме од Зубовце до славното Крушево. Ги пренесуваме спомените за славните Илинденци и како се сака Македонија. Голема е честа да ја предводам коњаницата! Нека ни е лесен патот низ македонските планини до Мечкин Камен!“, напиша Мизрахи.

https://www.facebook.com/IgorSkinArt/videos/10223928469338918/

На почеток