Македонија

Сончево со умерна облачност, неделава температури околу 40 степени

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.  Дневната темпертаура ќе се движи од 27 до 36 степени. УВ индексот ќе достигне 8.

Во Скопје и околината, максималната температура ќе достигне до 32 степена.

Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на неделава ќе преовладува сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде од среда кога долж Повардарието максималната температура ќе биде околу 40 степени. Од петок во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност.

На почеток