Свет

Во Австралија рекорден пораст на заразени со КОВИД 19, властите порачаа да не се оди наработа доколку луѓето почувствуваат симптоми

Втората најнаселена држава во Австралија потврди нови 532 случаи на зараза, а уште 17 има во остатокот од земјата, што е најголема бројка од почетокот на пандемијата. Во Викторија сега има повеќе од 4.500 активни случаи, како и 77 починати од ковид-19, што е речиси половина од националниот трагичен биланс.

„Ако имате треска, главоболка, ако ве гребе грлото, не одете на работа. Тоа е она поради што бројките растат и карантинот нема да заврши доколку луѓето не престанат да одат на работа со симптоми. Место тоа, одете да се тестирате“, изјави премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус.

На почеток