Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски во врска со прашањето зошто со евроамбасадорот Самул Жбогар се сретнаа Александар Николоски и Томчо Муцунски, а не со партискиот лидер, за „Скопје1.мк“ изјави дека самите дипломати зазеле став да не се сретнуваат со лидерите на партиите во постизборниот период.
„Став е на дипломатите е да не се сретнуваат со лидерите на партиите во овој пост период“ – кратко одговори Арсовски.
Ваквиот став на дипломатите до сега не беше соопштен на јавноста.
