Македонија

Груби вели дека вестите кои се појавија во медиумите не се потврдени од нивна страна

По објавата на Коха дека е договорено парламентарно мнозинство и за Албанец премиер, Артан Груби од ДУИ на Фејсбук напиша дека ДУИ е транспарентна партија и сите процеси ги води со вклучување и известување на граѓаните.

Вели дека вестите кои се појавија во медиумите не се потврдени од нивна страна, а кога ќе има нешто ќе ја известат јавноста.

Според она што го пишува, детали не се договорени иако имало пост изборни разговори со СДСМ, како што додава за доброто на граѓаните и на државата.

https://www.facebook.com/GrubiArtan/posts/10221052833984447

На почеток