Македонија

Пендаровски за Фокус: Предност за премиер, но и останатите функции треба да има квалитетот, а не етничката припадност на кандидатите

Кој ќе партиципира во владата зависи од преговорите што ќе ги водат партиите што обезбедија влез во парламентот. Така што, возможна е влада без СДСМ и коалицијата кои освоија најмногу пратеници, или без ВМРО-ДПМНЕ, која е втора партија според истиот критериум. Јасно е дека ако така се договорат, возможна е и влада без партијата што е трета според бројот на освоените мандати“, вели во интервју за неделникот Фокус претседателот Стево Пендаровски.

Тој појаснува дека нема да отстапи од уставната норма која предвидува, мандатот за составување влада да го добие партијата или коалицијата која ќе обезбеди мнозинство во парламентот.

„Како претседател немам буквално никаков маневарски простор. Членот 90 од Уставот е јасен. Исто така, не се предвидени никакви условувања, како оние од 2017-та, кога флагрантно беше прекршен највисокиот државен акт. Подготвен сум, ако има договор, мандатот да го доделам и пред да заврши уставно определниот рок од 10 дена“, вели Пендаровски.

Во однос на преговарачката позиција на ДУИ, која бара премиер Албанец, Пендаровски смета дека е таа легитимна, но според него, само во два наврати, со Никола Кљусев и со Хари Костов, владата не била предводена од претседателот на најголемата партија од власта. Сепак, според него, предност треба да има квалитетот а не етничката припадност на кандидатите за која било функција.

 

На почеток