fbpx
пон. Ное 30th, 2020

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Јовановиќ: Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа

Поранешниот советник на министерот Тевдовски Бранимир Јовановиќ на Фејсбук споредува како другите земји се справиле со кризата предизвикана од ковид-19 без да го оптоварат буџетот на граѓаните.

„Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки. Италија ги суспендираше сметките за струја, гас, вода и ѓубре на 2 месеци. Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас. Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%. Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци. Македонија ја зголемува цената на струјата за 7,4%, а има највисока сиромаштија и невработеност во Европа“, напиша Јовановиќ.

 

 

Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не…

Geplaatst door Branimir Jovanovic op Vrijdag 31 juli 2020