Скопје

(ФОТО) Запалени два контејнери за одлагање смет што беа поставени во населбите Ѓорче Петров и Карпош

Во текот на изминатиот викенд непознати сторители запалиле два нови контејнери за одлагање смет што беа поставени во населбите Ѓорче Петров и Карпош, со што е предизвикана голема материјална штета. Благодарение на брзата реакција на скопските пожарникари, огнот не се проширил кон околните објекти и возила.

Оштетениот контејнер во Ѓорче Петров е веќе заменет, а оној во Карпош ќе биде сменет во текот на денешниот ден.

‼️Градот Скопје апелира граѓаните да ја почитуваат поставената урбана опрема на јавните површини и да не ги палат садовите за отпад, за да се овозможи ефикасно подигање на комуналниот отпад и одржување на јавната хигиена.

https://www.facebook.com/CityofSkopje/photos/pcb.3326934654019390/3326934394019416/?type=3&theater

На почеток