Свет

Од денес Мелбурн 6 недели под целосен карантин

Мелбурн, вториот по големина град во Австралија, од денеска е под целосен карантин, кој ќе трае шест недели бидејќи властите се борат против вториот бран на коронавирусот.

За време на карантинот, повеќето продавници и компании ќе бидат затворени, што предизвика загриженост на жителите поради недостаток на храна, пренесува „Ројтерс“.

Улиците во главниот град на сојузната држава Викторија, се празни. Во градот со пет милиони жители, има пријавено 471 случаи на коронавирус и осум смртни случаи во последните 24 часа.

Австралија сега има вкупно околу 20.000 случаи на Ковид-19 и 255 починати, што, сепак, е сè уште помалку од многу други развиени земји.

 

На почеток