Свет

Земјотрес со јачина од 3,6 степени ја погоди Црна Гора

Земјотрес со јачина од 3.6 степени го погоди црногорското приморје нешто по 15 часот, а најмногу се почувствувал во Будва и во Херцег Нови.

Како што јави сеизмолошкиот завод во Црна Гора, епицентарот на земјотресот бил на 29 километри југозападно од градот Никшич, на длабочина од 13 километри.

Заводот соопшти дека засега не се регистрирани материјални штети, а истиот бил почувствуван и во Хрватска, особено во Дубровник.

На почеток