Свет

Кинески научник тврди дека создал бебе отпорно на ХИВ

„Една бременост испадна успешна и родени се две близначки кои се природно отпорни на ХИВ“, тврди кинескиот научник Хе Џианкуи.

Истражувачот Џианкуи објави дека направил измена на гените на ембриони од седум парови кои биле дел од експеримент во Кина. Една од жените останала бремена со близнаци кои Џианкуи се надева дека ќе бидат отпорни на инфекции.

Тој вели дека го елиминирал генот CCR5 за девојчињата да станат отпорни на ХИВ, доколку некогаш во животот дојдат во допир со вирусот.

Но овој потег наиде на критики од страна на научната заедница бидејќи станува збор за експерименти врз луѓе.

Многумина веруваат дека менувањето на ДНК може негативно да влијае на идните генерации, но и на самите гени на луѓето.

На почеток