Свет

Фондацијата Сорос се повлекува од Турција

Фондацијата за отворено општество на Џорџ Сорос се повлекува од Турција, само неколку дена по обвинувањата на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган дека американскиот милијардер се обидува да ја дестабилизира државата.

Фондацијата која во Турција поддржа голем број образовни проекти, проекти за правата на жените и демократските реформи соопшти дека обвинувањата на Ердоган се неосновани и поради нив повеќе нема да може да продолжи да работи во Турција, јави „Ројтерс“.

Директорот на турскиот отсек на соросовата фондација, Осман Кавала беше меѓу 13-те активисти упасени месецов под обвинување дека ги поддржале масовните антивладини протести во 2013 година.

Ердоган го обвини Кавала за финансирање на протестите и рече дека зад него стои Сорос кој ги користи парите за да растура држави, пренесе „Ројтерс“.

На почеток