Македонија

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Велес – Штип

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Велес – Штип, во атар на с.Три чешми. Несреќата се случила помеѓу комбе „фолксваген кеди“ и автомобил „форд ка“.

Во незгодата Н.Л. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.

На почеток