Македонија

Новинари и граѓани се пријавуваат да ја рушат дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“

Со оглед на тоа што досега „никој не се пријавил“ да ја руши дивоградбата на објектот кај Мавровка, двајца новинари на социјалните мрежи се огласија и порачаа дека тие се подготвени бесплатно да ја рушат дивоградбата.

За дивоградбата кај Мавровка, Општина Чаир “не знае” кој е инвеститорот.

Општина Чаир во меѓувреме распиша тендер за избор на компанија која треба да ја руши дивоградбата, но никој не се пријавил на тендерот, па објектот и натаму стои.

Поради ова, повеќе новинари веќе се пријавија да ја урнат дивоградбата, откако прв на тоа повика уредникот на телевизија „Телма“, Дарко Чекеровски.

https://www.facebook.com/darko.chekerovski/posts/10158852824413919

„Јас се пријавувам за уривање на нелегалниот објект кај Мавровка“, напиша Чекеровски на Фејсбук, по што набрзо се пријавија уште неколкумина новинари.

„Затоа што фирма нема да се најде, по примерот на Дарко Чекеровски, и јас се пријавувам доброволно за рушење на дивоградбата кај Мавровка. Не треба дневница, само хилта“, напиша новинарот Огнен Чанчаревиќ.

https://www.facebook.com/cancarevik/posts/10159061597079301

Покрај Чекеровски и Чанчаревиќ, за уривање на дивоградбата кај Мавровка се пријавија и Томислав Кежаровски, Наташа Стојановска, Златко Крстевски и поранешниот претседател на „ЗНМ“, Насер Селмани.

На почеток