СДСМ и ДУИ си подадоа рака за идна влада. По три дена преговори, попладнево ги договориле начелата за она што ќе треба да ги обедини. Мир, стабилност, безбедност и соработка во земјата и регионот, здрави меѓуетнички и соседски односи, економски развој, правна држава, чиста животна средина и општествена благосостојба, објави Телма.
На терен за парламентарно мнозинство, работи и ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски се сретна со Ахмети, но детали од оваа средба се уште нама. Се појави информација дека се договориле Лазар Еленовски да биде ротирачки премиер. Но, портпаролот на ДУИ, Османи, демантираше.
Со 15-те пратеници на ДУИ и 46-те на СДСМ, како и еден на ДПА, оваа коалцијата би имала 62 пратеника, со што е неизвесно колку ќе биде стабилна.
Претседателот Стево Пендаровски најдоцна другата сабота треба да го додели мандатот на оној кој прв ќе направи мнозинство.
Текстот во целост на: Телма.