Скопје

(ФОТО) Крвава ноќ во Скопје: Возило целосно уништено во страшна сообраќајна несреќа

Страшна сообраќајка се случила ноќеска на Водњанска, во близина на Клиниката Мајка Тереза. Возило марка „Пасат“ е целосно уништено, откако било оставено паркирано, а во него удрило друго возило со голема брзина. За среќа, нема загинати.

„Совозачот бил во колата, а возачот бил излезен до трафиката. Пасатот паркиран. Одозгора ги собира возило. Повредени се но нема загинати“, пишува корисник на „Твитер“ под псевдонимот „Јарре“.

На почеток