Македонија

Иванов ќе се обрати на Генералното собрание на ОН

Претседателот, Ѓорге Иванов денеска попладне ќе се обрати на генералната дебата на 73. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации на тема: „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите луѓе: Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества“.

Предвидено е Иванов да оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.

Во рамки на учеството на 73. Генерално Собрание на Обединетите Нации, претседателот вчера присуствуваше на состанокот на Советот за безбедност, со кој претседаваше американскиот претседател Доналд Трамп, а на кој се дебатираше за начините на кои ова тело го надгледува глобалниот мир и безбедност и можностите за подобро спроведување на резолуциите во врска со неширењето на оружјето за масовно уништување.

Иванов, на покана на Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс и Федерика Могерини, висок претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, присуствуваше на приемот во Делегацијата на Европската унија при Обединетите Нации.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток