Свет

Британскиот Парламент ќе гласа за брегзит на 11 декември

Британскиот Парламент за договорот за напуштање на Велика Британија од Европската унија ќе гласа на 11 декември, објави денеска премиерката Тереза Меј.

-Никој не знае што ќе се случи доколку Парламентот во Лондон го отфрли постигнатиот договор за Брегзит меѓу Велика Британија и ЕУ, изјави претходно  Меј.

– Долниот дом (на Парламнетот) треба да направи избор – може да го поддржи договорот или да го отфрли и да се вратиме на почетната позиција, изјави Меј во обраќање пред британските пратенци.

Таа нагласи дека ако Парламентот го отфрли договорот, никој не може да знае што ќе се случи.

– Тоа ќе ги отиври вратите за уште поголеми поделби и несигурност, со сите ризици што таа ги носи, порача Меј.

Британската премиерка се обидува да обезбеди поддршка за договорот за Брегзит, кој е изложен на критики како од редовите на нејзината владејачка Конзервативна партија, така и од страна на опозициските партии.

Европскиот суд утре ќе одржи вонредна седница за да разгледа дали Велика Британија може да се откаже еднострано од одлуката за напуштање на Европската унија.

Судот беше повикан да даде толкување дали Членот 50 од Лисабонскиот договор, механизам со кој Лондон ги извести во Брисел за намерата за науштање, може да биде откажан. Се очекува Лондон да ја напушти ЕУ на 29 март идната година.

На почеток