Македонија

Нема конститутивна седница бидејќи Талат доби внук

Претседавачот со конститутивната седница, Талат Џафери се предомисли и не го закажа продолжението на седницата и покрај најавите. Од Кабинетот на Џафери велат дека претседавачот се предомислил поради објективни семејни причини.

„Претседавачот со конститутивната седница, поради објективни семејни причини, денеска нема да го закаже продолжението на седницата. Кога ќе има дополнителни информации, во однос на терминот, ќе ве информирам“, велат од Кабинетот на Џафери.

Најверојатно, Џафери се откажа од намерата откако вчера неговата ќерка Бесиана доби син, а за тоа, Џафери објави на социјалните мрежи. Под објавата, меѓу бројните честитки е и онаа од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

На почеток