Свет

Уапсен е амбасадорот на Азербејџан во Србија

Амбасадорот на Азербејџан во Србија, Црна Гора и БиХ, Елдар Хасанов, е уапсен под сомнение дека проневерил голема сума пари и злоупотребил средства од буџетот, објави прес-службата на државната безбедност на Азербејџан, јави РИА.

– Амбасадорот на Азербејџан во Србија, Црна Гора и БиХ, Елдар Хасанов е приведен. Тој е обвинет за злоупотреба на голема сума пари од буџетот, за злоупотреба на пари и други злосторства. Тој беше приведен за време на истрагата, а кривичната постапка е против него е во фаза на истрагата“, се вели во соопштението од Баку.

 

 

На почеток