Свет

Македонски државјани ограбени во Драч

Македонски државјанин и сопругата биле ограбени додека престојувале на одмор во Драч, Албанија.

Како што објавија албанските медими, тие биле ограбени  од страна две лица, кои со закана со пиштол им одзеле 6.000 швајцарски франци и автомобил од марката „ауди“.

Сопругот е Албанец од Македонија кој имал и швајцарски пасош, а како што јавува „топ ченал“, тој бил со постојано живеалиште во Швајцарија.

Тој се паркирал пред маркет во Драч, а во него останала неговата сопруга. Двете лица ѝ се приближиле и под закана ѝ ги зеле парите. Потоа ја истуркале од автомобилот, влегле внатре и побегнале со возилото.

Албанската полиција ги уапсила крадците. Станува збор за жители на Драч, на возраст од 40 и 33 години, а приведено е уште едно лице од кое побарале да им помогне да се засолнат.  Пронајден и автомобилот, а се работи на пронаоѓање на украдените пари.

На почеток