Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. УВ=8
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека за време на викендот се очекува времето да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места. Локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има и од понеделник.