Свет

Некогаш најбрзата вакцина за 4 години, сега ја чекаме за една!

Четири години биле потребни за најбрз развој на вакцина во историјата, иако обично тој процес трае од 10 до 15 години. Сега научниците се натпреваруваат да ја развијат вакцината за помалку од една година, објави  Макфакс 

Десетици истражувачки тимови во светот работат на развој на вакцина против САРС-КоВ-2, вирус кој предизвикува ковид-19, користејќи мешавина од посточеките техники и нова технологија. Финансирањето на вакцината никогаш не било подобро, милијарди долари доаѓаат од целиот свет за да се создаде производ кој може да помогне во контрола на пандемијата, а САД, Кина и Европа вложија најмногу, пишува Си-ен-ен.

Но, пред да се добие вакцината во рака има уште многу работа и треба да се склучат многу договори. Научниците се надеваат дека до вакцина ќе се дојде до почетокот на 2021 година. За да се случи тоа развојниот процес рапидно се забрза. Вакцината мора да се пронајде низ повеќе фази пред да се добие зелено светло за употреба. По иницијалните истражувања и развојни фази следат серија предклинички и клинички испитувања (кои се состојат од три фази) и обично секој чекор може да потрае две и повеќе години. Но, во трката за спречување на коронавирусот некои од тие чекори се комбинирани или целосно прескокнати за да се забрза процесот.

Текстот во целост на: Макфакс 

 

На почеток