Македонија

Таравари за ТВ 21: Поддржуваме премиер Албанец само ако има 4-годишен мандат

Сите овие разговори кои траат повеќе од една недела помеѓу СДСМ и ДУИ се театар бидејќи веќе постигнале договор, изјави Арбен Таравари за ТВ21 од коалциијата Алијанса/Алтернатива.

Причината зошто Таравари овие преговори ги нарекува театар, е како што вели, СДСМ се срами да биде во влада со ДУИ, а од друга страна, интегративците ветија дека ќе има премиер Албанец, но сега прифатија да влезат во влада без исполнување на ова ветување, тврди Таравари, објави ТВ 21.

Потсетува дека ако ДУИ го исполни ова ветување, ќе ја има поддршката на 12-те пратеници на коалицијата Алијанса/Алтернатива, но само доколку како што вели тој премиер има четиригодишен мандат, но не и за друг партиски пазар.

извор: ТВ 21

видео: ТВ 21

На почеток