Промени тема
Контакт

АРМ обезбеди мобилна бања за лицата погодени од поплавите во Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryu4q9kdoalc6i6U5RLst

Околу 250 лица, односно 63 домаќинства, привремено се сместени во спортската сала во Кичево, откако вчерашното невреме предизвика излевање на Зајаска Река и сериозни штети. Сепак, условите таму се ограничени, а граѓаните во моментов немаат соодветни услови за одржување на лична хигиена и капење.

За да се подобрат условите, во координација со Општина Кичево, Генерал Штабот на АРМ овозможи мобилна бања и техничко возило со топла вода. Со ова, граѓаните погодени од поплавите добија можност за туширање и подобрување на хигиенските услови, додека трае нивното привремено сместување.

— реклама —

„Во услови на кризна состојба, солидарноста и брзата поддршка се од клучно значење.

— реклама —

Со цел обезбедување подобри и подостоинствени услови за лицата погодени од поплавите кои се привремено сместени во спортската сала „Христо Узунов“, градоначалникот во координација и соработка со Генерал Штабот на АРМ и касарната „Чеде Филиповски-Даме“ овозможи мобилнa бањa за туширање, и тоа: две цистерни, мобилна бања со пресоблекувална, техничко возило опремено со бојлери (за обезбедување топла вода).

— реклама —

Општина Кичево упатува искрена благодарност до ГШ на АРМ за брзата реакција и несебичната помош, која значително придонесува за полесно надминување на последиците од поплавите“, информираат од Општина Кичево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library22ehvslmdm22arH0l94

Жена во Кичево фрлала дрва кон две деца, потоа ги бркала со остар предмет

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarytltsod8ldlrsdQYovnO

Андовски во Кичево: Конкретен план за нова и функционална болница

Македонија | пред 1 месец

media-library1nkgmt7e9lhd9uwLOyh

(Видео) Балкански рис забележан во околината на Кичево

Македонија | пред 2 месеци

02

Кичевец фатен при предавање кокаин, поднесена кривична пријава

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања