Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Арсовска незаконски постави Генерален секретар, Велковски да си поднесе оставка, бара Шутаров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

„Покрај неработата како главна одлика во првите 6 месеци на новата градска администрација на ВМРО-ДПМНЕ, сведоци сме и на непочитување на законските пропис и норми. Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ незаконски го именуваат за Секретар на Градот Скопје, Ѓоко Велковски кој што истовремено е и член на Советот на Општина Чаир, непосредно избран од страна на граѓаните на последните Локални Избори“, вели Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје.

— реклама —

Тој додава:

„Тоа значи дека Велковски зема и две плати, една од 50.000 денари како секретар и уште една од околу 18.000 денари како Советник.

— реклама —

Ова не е само неетички, туку е и спротивно на чл.44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси , каде во ставот 2 се вели:

— реклама —

Функцијата претседател на државата, претседател на Владата, министер, пратеник, член на совет, градоначалник, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и други функции кои ги избира или именува Собранието, Владата или органите на локалната самоуправа се неспојливи една со друга !

Ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупција да постапи за непочитување на законите, прописите и правилата за неспоивост на функции.

— реклама —

Секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски да си даде оставка од позицијата секретар на Град Скопје, да не ја чека Државната комисија за спречување корупција (ДКСК)“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

semafor

Во недела целосно затворање на сообраќајот на крстосницата „Скупи“ – „Љубљанска“ поради поставување нови семафори

Скопје | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryov0odf8fl3qs9AGq5Qa

(Видео) Се запали автомобил во Скопје, нема повредени

Скопје | пред 6 дена

media-libraryakr8f893i28m4pEbYv1

Скопје ќе добие свој „Лувр“ на кејот на Вардар: Сидрото од бродот „Скопје“ ќе биде заштитено со стаклена конструкција

Скопје | пред 6 дена

media-libraryevja69ev8718etrIBWO

(Фото) Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блеска, гордоста на Скопје во нов сјај

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања