„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Арсовска се јави за излевањето на Маркова река: коментарите на објавата ги имаше, па ги немаше...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
300856868_623658112719457_2847905519691291869_n

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку статус на „Фејсбук“ посочи дека Противпожарната бригада на Скопје и екипи на ЈП Водовод и канализација работат активно на терен по излевањето на Маркова река. Таа ја искористи приликата и да го искритикува градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски оти се сликал додека бил на терен, но и Општина Студеничани кои според неа се виновни што каналите не се чисти. На објавата имаше и низа критики, но од момент во момент, коментарите ги снемуваше.

— реклама —

„Се излеала реката во Батинци, општина Студеничани, бидејќи општинските власти не ги чистат каналите, активност која како нивна надлежност превентивно треба да ја превземаат во континуитет. Џабе се слика со лажен хероизам градоначалникот во заминување Орце Ѓеоргиевски, кој освен со сликање со друго не може да се пофали. Со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител за проблемите кои градоначалникот на општината сам ги дозволил. Проблемот од Батинци поради неодржување на каналите се прелева кон Скопје, а Противпожарната бригада на Град Скопје и екипите на ЈП Водовод и канализација активно работат на терен. Само немаат време да се сликаат!“, напиша Арсовска.

„Скопје1“ вечерва испрати прашања до Град Скопје, но и директно до Арсовска преку кои меѓудругото, и за атмосферската каначлизација која се гради и не е пуштена во употреба, односно дали преку неа се изливала вода од Маркова река. Оттаму не добивме одогвор, но испратија соопштение еден час по полноќ (апдејт).

— реклама —

По објавувањето на статусот, Арсовска имаше низа коментари, меѓу кои и критики. Од 52 коментари колку што имаше до моментот кога ја следевме објавата, можеа да се прочитаат девет. „Фејсбук“ има опција да се сокријат коментарите без бришење, но дали е таа искористена или не - знае само објавувачот. По желба на профилот, во случајот на Арсовска, тие можат да се вратат и да се прикажуваат. Од принт-скриновите можете да видите што друго се коментираше.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_2106ll

ВМРО-ДПМНЕ ја прозва Арсовска да каже која одлука за „Комунална хигиена“ не била изгласана од нивните советници

Македонија | пред 2 месеци

media-library2nl4kg57j6p9bzAp32I

Партијата со остро соопштение: На Арсовска ѝ посакуваме опоравување, но нејзиното неработење ја доведе Скопје до хаос

Скопје | пред 2 месеци

arsovska1111

На Арсовска и одобрија 24-часовно полициско обезбедување, на нејзе е дали ќе го прифати

Скопје | пред 5 месеци

IMG_2106ll

Мицкоски за Арсовска: Државата има институции, нека постапуваат

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања