„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Артан Груби и судијата Енвер Беџети завршија на т.н. „црна листа“ на САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

enver-artan

Артан Груби, поранешен вицепремиер на Македонија и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд во Македонија се најдоа на црната листа на САД.

— реклама —

„Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на Северна Македонија и Контраразузнавање (УБК). Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција според член 7031(в), а OFAC го санкционираше според Е.О. 14033. Како дел од оваа акција се назначени и членовите на потесното семејство на Груби“ стои во известувањето на Стејт департмент.

Судијата Енвер Беџети беше фатен како 9 месеци го држи во фиока предметот на Сашо Мијалков за масовното прислушуавње. Груби пак, извршуваше високи функции во Владата на СДСМ и ДУИ.

— реклама —

Тие посочуваат дека со овој чин, на Меѓународниот ден за борба против корупцијата и во пресрет на Денот на човековите права, ги преземаат следните активности за промовирање на одговорност за сторителите на корупција и злоупотреба на човековите права ширум светот.

„Стејт департментот назначува 14 лица, вклучително и членови на потесното семејство за вмешаност во значителна корупција и еден службеник за негова вмешаност во грубо кршење на човековите права, во согласност со член 7031(в) од годишниот Стејт департмент, надворешни операции и Закон за одобрени средства за поврзани програми („Дел 7031(в)“), што ги прави неподобни за влез во Соединетите Држави. Стејт департментот, исто така, дополнително презема чекори за воведување визни ограничувања за десетици поединци во согласност со повеќе политики според член 212(а)(3)(В) од Законот за имиграција и националност. Дополнително, на годишнината од претседателот Бајден кој го издаде Претседателскиот проглас 10685, Одделот презеде акција според оваа надлежност за ограничување на визите на поединци кои овозможиле, олесниле или на друг начин биле вмешани во значителна корупција и на членовите на нивните потесни семејства. Истовремено, Соединетите Држави, во тесна координација со Обединетото Кралство, санкционираат девет поединци и 19 ентитети кои сочинуваат глобална корупциска мрежа со седиште во Зимбабве во рамките на програмата за санкции Глобал Магнитски и три поединци и ентитети во Јемен и Сирија поврзани со кршење на човековите права според програмата за санкции на Глобал Магнитски и програмата за санкции за Сирија. За повеќе информации за акцијата на Министерството за финансии, погледнете го нивното соопштение за печатот“, велат оттаму.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања