Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Авион за влакно избегна судир на аеродромот во Сиднеј, повреден член на екипажот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarysl4dfk8ri8716HAFtFf
Airbus

Инцидент се случил утрово на аеродромот во Сиднеј, кога авион на австралиската авиокомпанија „Џетстар“ морал нагло да закочил за да избегне судир со авион на „Катар ервејс“.

Авионот „Ербас А320“ на „Џетстар“, кој летал кон Голд Коуст, околу 7 часот по локално време се движел кон пистата кога пилотите морале итно да реагираат и силно да закочат откако авионот на „Катар ервејс“ се приближил до нивната траекторија.

— реклама —

Во инцидентот полесно е повреден еден член на екипажот на „Џетстар“. Ниту еден патник не бил повреден.

— реклама —

Од „Џетстар“ соопштија дека авионот ги следел инструкциите на контролата на летање, но пилотите биле принудени нагло да закочат откако другиот авион се приближил.

„Покренавме истрага за инцидентот“, соопшти портпарол на авиокомпанијата.

— реклама —

По инцидентот, австралиската компанија за управување со воздушниот сообраќај „Ерсервисис Австралија“ презела дополнителни мерки, меѓу кои и зголемување на растојанието меѓу полетувањата, со цел безбедно да се управува со сообраќајот.

— реклама —

Истрагата ја спроведува и Австралиското биро за безбедност на транспортот (ATSB). Од таму соопштија дека на авионот „Боинг 777“ на „Катар ервејс“ е забележано помало оштетување.

Авиокомпаниите соопштија дека соработуваат со надлежните органи во истрагата за утврдување на причините и околностите за инцидентот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk

(Видео) Два aвиона за малку ќе се судреа над Лос Анџелес

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-librarysl4dfk8ri8716HAFtFf

Авион на летот Даблин–Рим принудно слетал во Франција поради дојава за бомба

Свет | пред 4 дена

media-librarycsmppud8gv1c3DR289Y

Два патнички авиона добиле дојави за бомби на летовите кон Варшава

Свет | пред 6 дена

media-library7qolcra8u68v38Ffq44

(Видео) Четворица пилоти загинаа во судир на два воени авиони на Филипините

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања