Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

АВМУ со вонреден надзор констатира уредничка одговорност за емитуваната песна за “Голема Албанија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-library2lufctii90kp2bFVJ21

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе вонреден надзор над МРТ2 за емисијата „Фестивал на детска песна – Билбилите на Кораб“ (28.03.2026). Утврдени се содржини што поттикнуваат нетрпеливост преку иредентистички симболи и политички пораки поврзани со „Голема Албанија“, како и текст со повици за територијално обединување. Агенцијата се повика на Водичот за мониторинг на говор на омраза, ЕКЧП и праксата на ЕСЧП и оцени дека ограничувањето е законско, легитимно и неопходно. Посебно се нагласува проблемот што вакви пораки се емитувале во детска програма и поминале уреднички филтер, што укажува на системски пропуст и обврска на МРТ за заштита на малолетници и недозволување промоција на нетолеранција.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе вонреден програмски надзор врз Вториот телевизиски канал на Јавниот радиодифузен сервис врз музичката програма „Фестивал на детска песна – Билбилите на Кораб“ емитувана на 28 март 2026 година.

— реклама —

„Извештајот од надзорот е објавен на веб страницата на Агенцијата на следниов линк. Констатациите од надзорот се дека со изведбата на песната „Албански територии (Trojet Shqiptare)“ се поттикнува и шири нетрпеливост врз основа на национална и етничка припадност преку иредентистички симболи и експлицитни политички пораки за промовирање на моноетнички, иредентистички „аманет“ за обединување на територии. Девојчето кое ја пееше песната „Албански територии (Trojet Shqiptare)“, беше облечено во маица на која на предната страна беше прикажана јасна илустрација на картата на т.н. „Голема Албанија“ која вклучува територии на Албанија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Косово и Грција, на која е претставена територија на која живеат или живееле етнички Албанци, а на задната страна на маичката на албански јазик беа испишани зборовите „1 GJUHË, 1 KOMB, 1 GJAK“ („Еден јазик, еден народ, една крв“). Исто така, во текот на сценскиот настап, изведувачката на песната и двете танчерки неколку пати со рацете покажуваа симбол на двоглав орел. Дополнително, текстот на песната содржеше пораки кои повикуваат на експанзионизам и територијално обединување на земји и градови од регионот, вклучувајќи територии на Република Северна Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора.

При надзорот Агенцијата ги примени критериумите од Водичот за мониторинг на говорот на омраза, стандардите од Европската конвенција за човекови права и праксата на Европскиот суд за човекови права (случаите Рој ТВ против Данска и Зана против Турција). Притоа беше утврдено дека ограничувањето на ваквиот вид изразување е пропишано со закон, има легитимна цел (заштита на националната безбедност, јавниот ред и правата на другите) и е неопходно во едно демократско општество.

Пикажувањето вакви содржини во програма наменета за најмладата публика, претставува обид за индоктринација со идеи кои се во директна спротивност со духот на соживотот и толеранцијата во нашето мултиетничко општество, а пренесувањето на пораките преку деца претставува нивна груба злоупотреба за политички цели.

Фактот што спорните кадри и пораки поминале низ уредничкиот филтер на МРТ2 без да бидат отстранети, укажува на сериозен и системски пропуст во планирањето и уредувањето на програмата.

Агенцијата потсетува дека Јавниот радиодифузен сервис има посебна одговорност да не дозволи злоупотреба на програмата за промоција на идеи кои го негираат суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, и за поттикнување на културна, етничка, религиозна, полова, расна, национална или други форми на нетолеранција, како и дека МРТ е должна да обезбеди целосна заштита на малолетните лица во своите програми“, стои во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

avmu

АВМУ со жестока реакција до СДСМ: Политичките напади врз новинарите ја загрозуваат медиумската слобода

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykalugn9n1c9c4Y6E7hB

Крај на „дивото“ инфлуенсерство: Инфлуенсерите со над 10.000 следбеници и заработка мора да се регистрираат во АВМУ

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjh3g0ss78r984PQz59h

АВМУ бара медиумите да го почитуваат изборниот молк

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Отфрлена тужбата на Левица за „цензурата“ преку необезбедување на простор за рекламирање, вели АВМУ

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања