Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Крај на „дивото“ инфлуенсерство: Инфлуенсерите со над 10.000 следбеници и заработка мора да се регистрираат во АВМУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarykalugn9n1c9c4Y6E7hB

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска, 16 јануари 2026 година, упати јавен повик до сите инфлуенсери, јутјубери и влогери веднаш да го регулираат својот статус. Со последните законски измени, тие веќе не се сметаат само за хобисти, туку официјално се класифицирани како „даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање“ и мора да се впишат во Регистарот на Агенцијата.

Обврската произлегува од измените на медиумската легислатива донесени во јули 2023 година, со кои за првпат официјално се признава влијанието на креаторите на содржини на социјалните мрежи.

— реклама —

АВМУ прецизираше кои инфлуенсери мора да се регистрираат. Обврската важи за физички лица кои ги исполнуваат сите следни критериуми:

  • Објавуваат видеа на платформи како YouTube, Instagram, TikTok и слично.

  • Имаат повеќе од 10.000 следбеници или претплатници.

  • Остваруваат економски интерес од своите содржини.

  • Во последните 12 месеци објавиле најмалку 24 аудиовизуелни содржини.

  • Целта на содржините е да информираат, образуваат или забавуваат, а креаторот има уредничка одговорност за нив.

Агенцијата апелира до сите кои ги исполнуваат овие услови да поднесат пријава што е можно поскоро. Формуларите и потребните документи се достапни на веб-страницата www.avmu.mk, во посебниот банер „Инфлуенсери/Влогери“. За дополнителни информации или нејаснотии, отворена е посебна електронска адреса: influenseri@avmu.mk.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2lufctii90kp2bFVJ21

АВМУ со вонреден надзор констатира уредничка одговорност за емитуваната песна за “Голема Албанија“

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
avmu

АВМУ со жестока реакција до СДСМ: Политичките напади врз новинарите ја загрозуваат медиумската слобода

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjh3g0ss78r984PQz59h

АВМУ бара медиумите да го почитуваат изборниот молк

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Отфрлена тужбата на Левица за „цензурата“ преку необезбедување на простор за рекламирање, вели АВМУ

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања