На 18 март (среда) во 11 часот на големата сцена во Македонскиот народен театар ќе се одржи комеморација во спомен на истакнатиот актер Кирил Поп Христов – Кили.
„На комеморацијата, семејството, колегите, пријателите и почитувачите на неговото дело ќе имаат можност да се простат и да му оддадат почит на уметникот, кој со својата силна сценска појава, искреност, духовитост и препознатлив актерски дух остави длабока трага во македонската театарска уметност и култура.
Кирил Поп Христов – Кили ќе остане запаметен како актер со автентична енергија, ведар дух и големо срце, како колега кој несебично ја споделуваше љубовта кон театарот.
Неговиот уметнички придонес и човечност ќе останат трајно врежани во културната меморија“, врлат од МНТ.