Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Кили починал од инфаркт, погребот ќе биде покрај океанот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Магазин
media-librarydr8g91i0ct7l0p1rkty

На 58-годишна возраст во Еквадор почина македонскиот актер Кирил Поп Христов – Кили. Веста за неговата смрт одекна меѓу колегите, пријателите и љубителите на театарот и филмот.

— реклама —

Поп Христов од 2014 година живееше во Еквадор, заедно со сопругата Гордана Деан Поп Христова, а таму живее и нивната ќерка Јоана со семејството.

Ни отиде Кили… Имаше инфаркт, навечер во сон, вели Гордана за Викимедиа.

— реклама —

Околу тоа каде ќе биде погребан нејзиниот сопруг, таа ни изјави дека Кили ќе почива во Мангларалто, покрај океанот.

— реклама —

Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Актерската кариера ја започна по дипломирањето на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што дипломираше актерска игра во 1989 година.

Од 1993 до 2014 година беше дел од ансамблот на Македонскиот народен театар, каде што остави значаен траг со бројни улоги на сцената.

— реклама —

Публиката ќе го памети и по неговите филмски улоги во „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“ и „Тетовирање“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kili-intervju-02-602x3201

Театарската сцена се простува од Кили: последна почит во МНТ

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
media-librarydr8g91i0ct7l0p1rkty

„Автентична енергија и големо срце“ – МНТ во среда ќе му оддаде почит на Кирил Поп Христов

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryv97sq3tsokqp2c0KJRT

Почина актерот Кирил Поп Христов – Кили, кој последните 12 години ги помина во Еквадор

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-07-19-at-10.10.24

(Видео) Кирил Поп Христов се врати на социјалните мрежи: „Мал придонес“ по две години тишина

Магазин | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања