Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Театарската сцена се простува од Кили: последна почит во МНТ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
kili-intervju-02-602x3201

Утре во 11 часот во просториите на Македонскиот народен театар во Скопје ќе се одржи комеморативен собир во чест на актерот Кирил Поп Христов – Кили. На настанот, неговите најблиски, колеги и почитувачи на театарската уметност ќе имаат можност достоинствено да се простат и да му оддадат последна почит.

— реклама —

Од театарот посочуваат дека Поп Христов зад себе остава значајно уметничко наследство, обележано со силна сценска енергија, препознатлив актерски израз и посебна топлина што ја носеше во секоја своја улога. Неговата непосредност, духовитост и човечност, наведуваат од МНТ, го направија не само впечатлив уметник, туку и ценет колега кој со искрена посветеност ја споделуваше љубовта кон театарот.

Кирил Поп Христов – Кили почина на 11 март во Еквадор на 58-годишна возраст. Роден е на 30 јули 1967 година во Скопје, а дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година.

— реклама —

Својот професионален пат најмногу го врза за сцената на Македонскиот народен театар, каде работеше од 1993 до 2014 година. По неколкугодишна пауза, во 2018 година повторно се врати на истата сцена. Со својот талент, харизма и сценско присуство, Поп Христов остави длабока и трајна трага во македонската театарска и филмска уметност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydr8g91i0ct7l0p1rkty

„Автентична енергија и големо срце“ – МНТ во среда ќе му оддаде почит на Кирил Поп Христов

Македонија | пред 1 ден

media-librarydr8g91i0ct7l0p1rkty

Кили починал од инфаркт, погребот ќе биде покрај океанот

Магазин | пред 5 дена

media-libraryv97sq3tsokqp2c0KJRT

Почина актерот Кирил Поп Христов – Кили, кој последните 12 години ги помина во Еквадор

Македонија | пред 5 дена

Screenshot-2025-07-19-at-10.10.24

(Видео) Кирил Поп Христов се врати на социјалните мрежи: „Мал придонес“ по две години тишина

Магазин | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања